Достапни линкови

logo-print

Путин:Русија ќе извлече поука од случајот Џенерал Моторс


Рускиот Премиер Владимир Путин изјавил денеска дека одлуката на американскиот авто производител Џенерал Моторс да не ја продава својата европска филијала на Опел, само го покажува презривиот однос на американските бизнисмени со европските партнери. Џенералс Моторс оваа недела соопштија дека нема да го продаваат Опел на канадската компанија Магна и на нивниот партнер Рускиот Сбербанк Путин изјавил дека Русија треба да извлече поука од овој случај, но додал дека Владата и понатаму ќе ги подржува проектите на ЏМ во Русија. Џенералс Моторс во меѓувреме објави дека планира да скрати 10 илјади работи места, а таа одлука ја налути Германија.

XS
SM
MD
LG