Достапни линкови

logo-print

Косовскиот министер за надворешни работи утре во Македонија


Косовскиот министер за надворешни работи, Скендер Хисини, на покана на македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, го пренесува МИА соопштението на македонското министерство за надворешни работи. Според МНР, Хисини освен со Милошоски ќе има средба и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. На средбата се очекува да се разговара за регулирањето и интензивирањето на билатералните односи , но и за политичката и за економската соработка.
XS
SM
MD
LG