Достапни линкови

Непродуктивни трошоци во буџетот


Владиниот кабинет
Владиниот кабинет

Расходите во буџетот за плати пораснале за 52 милиони евра во споредба со 2008. Според експертите, владата не може да биде најголем вработувач во пазарна економија, а зголемувањата на вработувањата во администрацијата ќе имаат долгорочни последици

Голем дел од централниот буџет на Македонија се користи за покривање на тековни расходи, а помалку сретствата се користат за развојни цели, се согласуваат упатените. Претседателот на собраниската комисија за финасирање и Буџет Јован Манасиевски посочува
На пример, само платите, за плати во 2009 ќе бидат потрошени 52 милиони евра повеќе од 2008. Од друга страна, по стапките казни, надоместоци од стопанството ќе бидат прибрани 43 милиони евра повеќе отколку 2008 година.
дека од 150 милијарди денари од овогодинешните буџетски расходи, 19 милијарди денари се трошат за развојни проекти што е околу 12 проценти од вкупните трошоци на владата.

„На пример, само платите, за плати во 2009 ќе бидат потрошени 52 милиони евра повеќе од 2008. Од друга страна, по стапките казни, надоместоци од стопанството ќе бидат прибрани 43 милиони евра повеќе отколку 2008 година.“

Манасиевски додава дека годинава државата е поскапа за од прилика 100 милиони евра

„Значи, ова е една многу груба математика. Како вие како стопанство сте оптеретени и како поскапуваат услугите на државата. Ако 52 милиони евра дадете повеќе за плати, и ако 43 милиони евра повеќе земете, бидејќи казните и надоместоците го плаќаат фирмите, значи вие сте ја направиле државата поскапа за 100 милиони евра.“

Професорот Ванчо Узунов смета дека недостатокот на развојни проекти се создал поради тоа што владата одвојува многу сретства за тековни расходи, имено за плати и слични давачки.
Владата треба отворено да каже на граѓаните дека ќе создава услови за приватниот сектор да стане најголемиот вработувач, којшто ќе нуди не само најголем број работни места, туку и најатрактивните места.


„Граѓаните во услови кога приватниот сектор, еве и да не е криза, не може да ја апсорбира невработеноста, очекуваат владата да биде вработувач. Во пазарна економија во која владата е најголем вработувач не може да просперира. Владата треба отворено да каже на граѓаните дека ќе создава услови за приватниот сектор да стане најголемиот вработувач, којшто ќе нуди не само најголем број работни места, туку и најатрактивните места. Кај нас владата, обратно, ако очекувањата на граѓаните се да вработува, сака да собере што повеќе пари за да може да вработува.“

Трошењето на парите од буџетот за плати наместо за развојни проекти, според Узунов може да има сериозни последици

„Автоматски тоа има и подолгорочна последица, бидејќи владата создава законски дефинирани обврски, затоа што вие не можете да го скратите буџетот за средствата за плати, затоа што тоа се законски определени функции и ингеренции на владата. Ако сега ги вработите, после треба да ги отпуштаат? Тоа е многу потешко, отколку да не ги вработи, значи проблемот е долгорочен.“
XS
SM
MD
LG