Достапни линкови

Нимиц закажа нова рунда разговори за 16-ти ноември


Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц за 16-ти ноември во Њујорк закажа нова рунда разговори за решавање на разликите меѓу Атина и Скопје околу уставното име на Република Македонија, го пренесува МИА соопштението на прес-службата на ОН. Ваквиот чекор на Нимиц следува по изјавата на генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-Мун во Атина дека медијаторот е подготвен да ги продолжи разговорите за решавање на спорот за името штом двете страни искажат подготвеност за тоа. Првиот човек на ОН изрази надеж дека двете страни со помош на Нимиц ќе дојдат до конечно решение за спорот.
XS
SM
MD
LG