Достапни линкови

Фејт ги повика косовските граѓани да излезат на избори


Шефот на меѓународната цивилна канцеларија на Косово, Питер Фејт, ги повика граѓаните на Косово, а особено Србите, да излезат на локалните избори на 15-ти ноември. Во текот на посетата на централната изборна комисија, тој рече дека претстојните избори ќе бидат успешен тест за иднината на Косово. Фејт разговараше и со шефот на мисијата на Европската мрежа на изборни набљудувачки организации Дарко Алексов, при што Алексов изјавил дека претставниците на оваа организација ќе ја завршат работата во согласност со високите меѓународни стандарди.
XS
SM
MD
LG