Достапни линкови

logo-print

Јушченко обвинува за лошо справување со грипот


Украинскиот претседател Виктор Јушченко ги обвини своите политички опоненти за криминална негрижа и неодговорност во нивното справување со свинскиот грип. Јушченко ги упати обвинувањата до премиерот Јулија Тимошенко и до претседателот на парламентот Володимир Литвин дека тие биле свесни за опасноста од епидемија кога ги организирале масовните митинзи за нивната кампања. Владата штотуку објави серија строги мерки како што се затварање на училишта или забрана за одржување јавни собири.
XS
SM
MD
LG