Достапни линкови

Шефот на руската дипломатија Лавров во посета на БиХ


Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска ќе пристигне во Сараево каде што ќе се сретне со својот босански колега Свен Алкалај и со членовите на претседателството на БиХ. Не се соопштени детали околу целта на посетата. Претходно, рускиот амбасадор во БиХ, Александар Боцан Нарченко, изјави дека посетата на Лавров на Сараево ќе биде добра можност да се засилат меѓудржавните односи, како и дека Русија сака да ги унапреди економските односи со БиХ преку поактивен ангажман на руските компании.
XS
SM
MD
LG