Достапни линкови

logo-print

САД апелираат Кина да ја намали емисијата на штетни гасови


САД апелираа до земјите во развој, а особено до Кина, да се ангажираат за намалување на емисијата на гасови кои доведуваат до загревање на климата во светот, оценувајќи дека без тоа е невозможно да се постигне договор на декемвриската климатска конференција во Копенхаген. Американски официјален претставник повика Кина да го смени менталитетот на префрлување на одговорноста за климатските промени на развиените земји, додека самата одбива да ги примени потребните мерки. Кина и САД заедно емитираат повеќе од 40% од светското производство на јаглерод диоксид.
XS
SM
MD
LG