Достапни линкови

ЕУ за мировен процес меѓу Израел и Палестина


Европската унија , денеска ја потврди силната поддршка за изнаоѓање на решение за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и Палестинците, со создавање на палестинска држава која е независна од Израел. Ако се воспостави мир, мора да се најде начин и за поделба на Ерусалим како главен град на двете држави, изјавил шведскиот амбасадор во ОН, Андерс Лиден , чија земја во моментот претседава со ЕУ. Лиден ги повикал двете страни во конфликтот на Блискиот Исток да ги почитуваат меѓународните закони за човекови права и да ги испитаат нивните кршења.

XS
SM
MD
LG