Достапни линкови

Папуљас ја добил поканата од Иванов


Грчкиот претседател Каралос Папуљас ја добил поканата од македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ја посети Македонија, јавува МИА повикувајќи се на електронското издание на весникот „Навтемборики“. Засега нема информации дали Папуљас ја прифаќа поканата. Според Иванов, посетата на Папуљас би била силен импулс за зајакнување на добрососедските односи. Грчкиот претседател денеска по средбата со генералниот секретар на ОН, изјавил дека добрососедските односи не се градат врз нерешени прашања и затоа се додека не се затвори спорот за името, Грција не може да даде согласност за приклучување на „ПЈРМ“ во ЕУ.

XS
SM
MD
LG