Достапни линкови

Брамерц во посета на Србија


Главниот обвинител на ОН за воени злосторства за поранешна Југославија, Серж Брамерц денеска пристигна во Србија. Посетата Брамерц ќе ја искористи за да изготви извештај за тоа како Србија се справува со воените злосторници и да го поднесе извештајот во декември до Советот за безбедност на ОН. Србија треба да го уапси командантот на армијата на босанските Срби, Ратко Младиќ.Вчера, шефот на српскиот Национален совет за соработка со Хашкиот трибунал, Расим Љајиќ, рече дека верува дека до крајот на оваа година властите ќе успеат да го уапсат Младиќ . Апсењето на Младиќ е клучен услов за членство на Србија во Европската унија
XS
SM
MD
LG