Достапни линкови

Протест на новинарите во Албанија


Неколку стотици албански новинари и други луѓе протестираа денеска во главниот град на Албанија поради напад врз еден познат новинар и уредник на весник. Демонстрантите се собрале пред канцеларијата на премерот Сали Бериша во Тирана, а некои од нив фрлале и чевли на зградата. Уредникот на весникот „Тема“ Меро Базе беше претепан во понеделникот. Весникот е критички насторен кон власта на Бериша. Премиерот го осуди нападот на уредникот. Полицијата уапси двајца за случајот.

XS
SM
MD
LG