Достапни линкови

Муса Џафери:изјавата на Алити не е став на ДУИ


Изјавата на потпретседателот на ДУИ, Рафиз Алити од пред неколку дена дека Албанците со или без Македонците ќе влезат во НАТО и во ЕУ, е негова лична изјава, смета министерот за локална самоуправа Муса Џафери. Според него тоа не е став на партијата, бидејќи ставот на партијата го пренесува претседателот. Џафери изјавил дека изјавата на Алити била осудена од членовите на партијата.

XS
SM
MD
LG