Достапни линкови

Грузиски министер се откажал од руското државјанство


Грузискиот министер за надворешни работи Григол Васадзе, кој важи за близок соработник на Русија, денеска се одрекол од руското државјанство. Тој изјавил дека на рускиот претседател Дмитри Медведев му го испратил својот пасош и писмо во кое се одрекува од руското државјанство. На таков чекор се одлучил откако еден пратеник од грузискиот парламент, побарал на Васадзе да му биде одземено државјанството, бидејќи се влошени односите меѓу Грузија и Русија.
XS
SM
MD
LG