Достапни линкови

Германија е против Иран со нуклеарно оружје


Ангела Меркел во американскиот Конгрес
Ангела Меркел во американскиот Конгрес

Германскиот канцелар Ангела Меркел почетокот на месецот од 20 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид го одбележа со вчерашниот говор во американскиот Конгрес.

Германскиот канцелар Ангела Меркел на заедничката сесија на Конгресот изјави дека мора да биде покажана нулта толеранција кога постои опасност Иран да дојде до оружје за масовно уништување:

,,Нуклеарно оружје во рацете на иранскиот претседател кој го негира Холокаустот, му се заканува на Израел и го негира неговото право да постои, е неприфатливо.,,

Ваквиот нејзин став неколку пати беше поздравен со овации од американските конгресемени и сенатори.

Администрацијата на Обама го повика Берлин да ги поддржи американските барања за посилни економски санкции против Иран доколку таа земја продолжи да ги одбива ограничувањата на нејзината нуклеарна програма што и ги наметна меѓународната заедница. Меркел изјави дека Германија ја разбира потребата од директно соочување со Иран за ова прашање и ако е потребно ќе се залага и за поцврсти санкции против таа земја.

Таа се осврна и врз придонесот на Германија во војната во Авганистан, каде што германските силите се стационирани во релативно
Нуклеарно оружје во рацете на иранскиот претседател кој го негира Холокаустот, му се заканува на Израел и го негира неговото право да постои, е неприфатливо..
мирниот, северен дел на земјата. Меркел вети дека нејзината држава ќе работи рамо до рамо со Соединетите држави, и додаде дека главна цел мора да биде трансферот на одговорноста на авганистанците. Таа претходно се сретна со претседателот Барак Обама, при што се разговарало за справувањето со климатските промени.

,,Мислам дека сите почнуваат да признаваат зошто е толку важно да работиме заеднички со цел да ја спречиме потенцијалната катастрофа до која може да дојде ако продолжи глобалното затоплување.,,

Во говорот во Конгресот потоа, Меркел повика на постигнување мултинационален договор за глобалното затоплување на меѓународната конференција што во наредниот месец ќе се одржи во Копенхаген. Таа ги повика Соединетите држави да и се придружат на Европа во борбата против глобалното затоплување.

,,Ни треба договор за една цел: Глобалното затоплување не смее да се покачи повеќе од два степена целзиусови. За да се постигне ова, потребно е сите земји да ги прифатат меѓународните обврски.,,

Меркел и Обама во Белата Куќа
Според проценките на Обединетите нации, богатите земји ќе мора да го намалат загадувањето со јаглерод меѓу 25 и 40 отсто до 2020 година. Многу американски законодавци се скептични за суштината на проблемот и не се подготвени да трошат пари за негово решавање, особено не сега кога американската економија е се уште кревка. Меркел исто така зборуваше и за нејзиното детство во поранешна Источна Германија при што изјави дека никогаш не верувала оти ќе ја посети Америка и ќе зборува во Конгресот како канцелар на обединета Германија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG