Достапни линкови

Иванов го покани Папуљас да ја посети Македонија


Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов го покани грчкиот претседател Каролос Папуљас да ја посети Македонија. Посетата, чиј термин македонскиот претседател остава да го одреди неговиот грчки колега, како што се наведува во поканата, треба да даде силен импулс за јакнење на добрососедските односи. Иванов поканата денеска во неговата резиденција на Водно и ја предаде на грчката амбасадорка во Македонија Александара Пападопулу.
XS
SM
MD
LG