Достапни линкови

Џенерал Моторс не го продава Опел


Американски Џенерал Моторс ги откажа плановите да ја продаде својата европска фабрика Опел. Во изненадувачкото соопштение издадено синоќа Џенерал Моторс најави дека ќе го продолжи реструктуирањето на комапнијата наместо мнозинскиот дел на акциите да им го продаде на кандаската фирма Магна и на нејзиниот руски партнер Збербанк. Ваквата одлука Џенерал Моторс ја образложи со подобрата бизнис клима за компанијата во изминативе неколку месеци. Одлуката најверојатно ќе предизвика контроверзи во Европа, бидејќи германската влада вети дека ќе и обезбеди на Магна 4 ипол милијарди евра кредит затоа што Канадската компанија имала најдобра понуда за иднина на 25.000 работници на Опел во Германија.
XS
SM
MD
LG