Достапни линкови

Македонска делегација на Светската е-Парламент конференција во Вашингтон


Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски кој ја предводи македонската делегација на Светската е-Парламент Конференција 2009 што се одржува во Вашингтон синоќа, како што соопшти неговиот Кабинет, се сретнал со спикерот на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси. Македонската делегација на Пелоси и подарила златен гердан од VI век пронајдена кај Требеништа, охридско, која заблагодарувајќи се истакнала дека подарокот го прима во името на американскиот народ. Вељаноски синоќа присуствувал и на обраќањето на германскиот канцелар Ангела Меркел во американскиот Конгрес.
XS
SM
MD
LG