Достапни линкови

Наумовски: договорот меѓу Словенија и Хрватска модел и за спорот со Грција


,,Се надеваме дека договорот постигнат меѓу Словенија и Хрватска може да биде применет и во нашиот случај,, Ова за агенцијата Ројтерс го изјави вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски во врска со можноста за решавањето на спорот со Грција околу името.,,Двете земји не најдоа решение за нивниот спор, но се согласија целото прашање да го дадат на арбитража, а Словенија да ја прекине блокадата на хрватските преговори за влез во Европската унија,, додава вицепремиерот Наумовски кој за шансите да се најде компромис за името пред декемврискиот самит на Европската унија вели: ,,Надежите не се на највиско можно ниво.,, Според Наумовски, последната иницијативата за етаблирање на комуникацијата со Грција била од страна на Македонија.
XS
SM
MD
LG