Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и опозицијата во Техеран


Иранската полиција денеска се судрила со приврзаниците на опозициониот лидер Мир Хосеин Мусави кои излегле на улиците на Техеран за да ја одбележат 30 годишнината од преземанњето на американската амбасада во тој град. Според изјави на очевидци, полицијата употребила солзавец да ги растера стотиците демонстранти кои извикувале пароли против иранскиот режим. Се додава дека притоа биле уапсени неколкумина демонстранти. Претходно властите ја предупредија опозицијата да не се обидува денешните традиционални антиамерикански демонстрации да ги искористи за антивладини протести. Во меѓувреме, илјадници приврзаници на власта се собрале пред американската амбасада да го одбележат денот кога пред 30 години исламските милитанти насилно влегоа во амбсадата и 444 дена во заложништво држеа 52 американци.
XS
SM
MD
LG