Достапни линкови

logo-print

Во ОН расправа за тоа дали Израел и Хамас вршеле воени злосторства


Генералното собрание на Обединетите Нации денеска треба да расправа и да гласа за поддршка на извештајот на ОН, според кој и Израел и милитантите на Хамас извршиле воени злосторства за време на неодамнешниот конфликт во појасот Газа. Вчера, американскиот претставнички дом усвои резолуција во која се вели дека извештајот е пристрасен против Израел. Критичарите на овој потег сметаат дека и покрај тоа што не е обврзувачка, резолуцијата може да му наштети на кредибилитетот на САД, кои се наметнуваат како посредници во блискоисточниот мировен процес.
XS
SM
MD
LG