Достапни линкови

Опозицијата во Иран сепак денеска на протести


Иранската опозиција најавува дека ќе ги игнорира владините предупредувања за денеска да не излезат на протести, кои се поклопуваат со 30-годишнината од преземањето на американската амбасада во Техеран. Државната новинска агенција ИРНА објави дека се забранети сите други собирања освен официјалното одбележување на годишнината. Иранските власти најавија дека полицијата ќе ја употреби целата моќ против демонстрантите. И покрај тоа опозициските интернет страници повикуваат на протести.
XS
SM
MD
LG