Достапни линкови

logo-print

Прогноза за времето денеска- намалување на облачноста


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура е во интервал од минус два до пет, а дневната ќе биде од 10 до 14 степени. Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура се спушти до околу еден, а дневната ќе достигне до 10 степени.
XS
SM
MD
LG