Достапни линкови

Меркел се обрати пред американскиот Конгрес


Германската канцеларка ,Ангела Меркел обраќајки се пред Американскиот конгрес им се заблагодари на Американците за нивната поддршка, за падот на Берлинскиот ѕид пред 20 години, велејќи дека Германија никогаш нема да заборави на помошта од САД. Меркел ветила дека Германија ќе остане "силeн и сигурен", партнер на Соединетите држави. Во својот говор, Меркел изјавила дека на Иран не треба да му биде дозволено да направи нуклеарна бомба, бидејќи е недопустливо да се даде оружјето во рацете на иранскиот претседател , кој го негира холокаустот, и постоењето на Израел. Меркел ја повторила заложбата за стабилизирање на безбедноста во Авганистан, и го замолила Конгресот заеднички да се справат со климатските промени. Германската канцеларка претходно се сретна со претседателот Барак Обама.
XS
SM
MD
LG