Достапни линкови

Милошоски се сретна со белгиската сенаторка Тилманс


Македонија во моментов е пред голем предизвик, а Белгија ќе ја помогне нејзината евроинтеграција бидејќи верува во добрата иднина на земјата, изјави белгиската сенаторка и претседател на групата на Парламентот на Белгија за соработка со Македонија Доминик Тилманс по средбата со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во Брисел, јавува МИА. Милошоски од Брисел, заминува за Луксембург каде што ќе има средба со луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн.На средбата се очекува да стане збор за европерспективата на Македонија и за очекуваната визна либерализација.
XS
SM
MD
LG