Достапни линкови

Караџиќ:Не го бојкотирам процесот, само не сум подготвен


Поранешниот лидер на босанските срби, Радован Караџиќ денеска пред Хашкиот Трибунал изјавил дека не сака да го бојкотира судењето, но не може да учествува се додека не биде подготвен за процесот. Судијата О Гон Квон му возвратил дека за спремноста не одлучува тој, туку судскиот совет. Караџиќ изјавил дека не може да учествува во нешто што е погрешно поставено уште од почеток. Тој е обвинет за геноцид и злосторства против човештвото за време на војната во БиХ, од 1992 до 1995-та година.
XS
SM
MD
LG