Достапни линкови

Косовскиот шеф на дипломатија во петок во Македонија


Министерот за надворешни работи на Косово, Скендер Хисени во петок ќе допатува во Македонија, јавуваат приштинските медиуми. Предвидено е Хисени да има средби со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и да разговараат за отварање на амбасади во Скопје и во Приштина. Според приштинските медиуми македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој крајот на ноември треба да ја посети Приштина и не се исклучува можноста тогаш да биде отворена македонската амбасада.
XS
SM
MD
LG