Достапни линкови

logo-print

Најважно е да се докажат злосторствата


Радован Караџиќ во Хашкиот трубунал

Радован Караџиќ во Хашкиот трубунал

Според неговиот правен советник Горан Петрониевиќ, обинетиот Радован Караџиќ има апсолутна желба да биде конструктивен и немал намера да го минира процесот, туку само барал повеке време за подготовка за судењето. Како и да е, надвор од правните лавиринти на Хашкиот Трибунал, според познавачите на балканските прилики, јасно е дека таму започнува процес исто талку значаен како и судењето на Слободан Милошевиќ. Бившиот претседател на Република Српска Радован Караџиќ се товари за геноцид, истребувања, прогони, нечовечки дела и насилие со цел терор меѓу цивилното население.

Обвинителот ја посочи Сребреница

Тужителот Алан Тигер потсети на геноцидот во Сребреници. Тригер рече дека Караџиќ, како врховен командант, нареди напад на Војската на Република Српска врз Сребреница во јули 1995 година по кој беа убиени 7 илјади, а протерани 25.000 муслимански цивили

“ Би преминал на третата и главна компонента во предметот против Радован Караџиќ. Тој беше известуван за напредокот на оваа операција од различни извор меѓу кои од Младиќ, од Војската на Република Српска, од државната безбедност. Знаеше дека населението се раселува. Во тие моменти даде наредба да се тргнат луѓето од подрачјата каде постоеше опасност да бидат видени од преставници на Меѓународната заедница. Знаеше за убиствата, ги прикриваше масовните протерувања и убиства и тоа го прави до ден денешен.Единствено во врска со таа операција се покаја поради тоа што некои муслимани успеаја да побегнат.”


Преживеаните зборуваат

Процесот против Караџиќ во Босна и Херцеговина го следат жрвтвите на геноцидот. Едан од преживеаните сребреничани Хасан Нухановиć вели дека е најважно да се докаже какви злосторства направи Радован Караџиќ.

“Ке го повторам она што го реков: Значи Сребреница не е локален геноцид. Не постои нешто што се нарекува локален геноцид. Таму геноцид е направен. Сребреница е нешто за што ниту еден од обвинетите не може да најде начин да се одбрани.”

Изјави преживеаниот сребреничанин Хасан Нухановиќ.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG