Достапни линкови

Потребна ли е лидерска?


Последната лидерска средба
Последната лидерска средба

Генерално, кај политичките партии постои расположение за лидерска средба. Тие апелираат на постигнување консензус за решение на спорот за името со Грција.

Периодот е кус но засега не постојат најави дека партиите ќе седнат на заедничка маса на тема спорот за името кој би можел да се појави како пречка пред добивањето датум за преговори за којшто ќе одлучува Советот на министрите во декември. Генерално кај сите
Во моментот не треба да калkулираме со префрлање на одговорноста, туку сите сразмерно на позицијата и улогата што ја имаме во политичкиот живот во државата треба да ја преземеме одговорноста
нив постои расположение. Лидерот на Нова демократија Имер Селмани апелираше, во моментот лидерските средби би можеле да бидат во интерес на создавање позитивна клима меѓу опозицијата и позицијата и меѓу етничките заедници во земјава.

Имер Селмани, претседател на Нова Демократија
„Во моментот не треба да калулираме со префрлање на одговорноста, туку сите сразмерно на позицијата и улогата што ја имаме во политичкиот живот во државата треба да ја преземеме одговорноста,“

изјави Селмани. Најголемата опозициона партија СДСМ којашто најчесто се жали на недостигот од информации за ставот на државниот врв како и за можните прифатливи решенија за спорот секогаш е за лидерски средби но сепак дури тогаш како што додадава Зоран Заев од оваа партија кога ќе биде познат ставот на власта и некое постигнато решение околу кое може да се разговара.

„За нас би била прифатлива средба, доколку премиерот изгради став, понудат решение, поради кое би свикал лидерска средба на која би се разговарало за вакво решение“
За нас би била прифатлива средба, доколку премиерот изгради став, понудат решение, поради кое би свикал лидерска средба на која би се разговарало за вакво решение

вели Заев. Иницијативата за закажување на евентуалните лидерски средби партиите очекуваат да произлезе од премиерот. Од неговата партија велат дека лидерска средба е возможна и потребна тогаш кога ќе има значителни поместувања во преговорите, но дека засега нема нови информации околу кои партиските лидери треба да се сретнат. За сега меѓусебните консултации остануваат на вчерашниот телефонки разговор на Груевски со лидерите на СДСМ, НОВА демократија и на ДУИ преку која ги информирал за неговата средба со Папандреу во Брисел. За тоа време коалициониот партнер ДУИ усоглесео или не на внатрепартиско ниво, почнува да врши поинтензивен притисок до решение за името да се дојде до декември. Меѓупартискиот консензус е неопходниот пат кој би помогнал да се дојде до решение, смета Рафиз Алити од оваа партија зошто како што додава само така
Зоран Заев, потпретседател на СДСМ
понуденото решени ќе може да помине и кај граѓаните.

„Ако имаме консензус, ако најдеме решение за спорот за името со Република Грција и тоа им го понудиме на граѓаните, мислам дека вратите на нашата земја ќе бидат отворени.“

изјави Алити.
XS
SM
MD
LG