Достапни линкови

Правото на јавен собир неприкосновено


Протести на професионалните војници
Протести на професионалните војници

Со одлуката на Уставниот суд во 2006 правото на јавен протест е неприкосновено. Професионалните војници се жалат дека вчера имале притисок од МВР да не ја блокираат „Илинденска“. МВР демантира дека вршело притисок, само им укажале на војниците дека има поплаки од граѓаните

Што е поважно – правото на јавен протест или правото на слободно движење на граѓаните кои не учествуваат на протестот? Иако имаше обиди правото на јавен собир да се ограничи со правото на слободно движење, Уставниот суд во 2006 година одлучи дека
Утрото бевме отстранети од улицата Илинденска со мал притисок. Тоа не го изјавивме прееска, затоа што не повика премиерот. Повторно ќе ја блокираме улицата, затоа што таа е наша улица
правото на јавен протест е неприкосновено.

Професионалните војници кои бараат решавање на нивниот статус по наполнети 38 години, веќе четврти ден протестираат пред владата и ја блокираат улицата Илинденска. Вчера, по кратка вербална расправија, полицијата ги премести војниците од улицата на тротоарот пред владата. Во очекување на средба со премиерот, војниците ги послушаа полицајците и не реагираа. Сепак, откако разговорите со премиерот Никола Груевски и министрите за финансии и за одбрана Зоран Ставрески и Зоран Коњаноски не дадоа резултат тие соопштија дека се преместиле под протисок.

„Утрото бевме отстранети од улицата Илинденска со мал притисок. Тоа не го изјавивме прееска, затоа што не повика премиерот. Повторно ќе ја блокираме улицата, затоа што таа е наша улица.“

Експерите по право велат дека македонскиот Устав го гарантира правото на протест. Според законот, протестот не смее да попречува возила за брза помош или да го нарушува мирот на болните во здравствени установи. Протесот не смее да се одвива до детски
МВР исто како и до сега ќе ги презема сите неопходни мерки за одржување на јавниот ред и мир и безбедноста на протестот, а исто така ќе ги преземе и неопходните мерки и за останатите граѓани, кои не го поддржуваат или не се приклучуваат кон јавниот собир, да може редовно да ги извршуваат своите дневни обврски
градинки и училишта додека во нив престојуваат деца и не смејат да се блокираат автопати и магистрални патишта. Професор Осман Кадриу вели дека правото на јавен протест или собир може да биде ограничено само во услови на воена или вонредна состојба.

„Во конкретниов случај сметам дека правото на протест за нив е заштитено со Уставот и законот и немаме правна основа и можности да ги отстраниме од тие површини и местата каде што протестот се организира.“

Во министерството за внатрешни работи велат дека немало никаков притисок туку дека само им укажале на професионалните војници да ја ослободат улицата или дел од улицата. Тие велат дека добиле многу поплаки од граѓани за метежот што, поради блокадите, се создава во градот. Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека полицијата максимално ќе го почитува правото на јавен протест.

„Од друга страна, МВР исто како и до сега ќе ги презема сите неопходни мерки за одржување на јавниот ред и мир и безбедноста на протестот, а исто така ќе ги преземе и неопходните мерки и за останатите граѓани, кои не го поддржуваат или не се приклучуваат кон јавниот собир, да може редовно да ги извршуваат своите дневни обврски.“

Војниците што протестираат пред владата велат дека денеска немаат никакви притисоци да ја тргнат блокадата од улицата. Сепак, според законот, за јавен собир се смета собир на кој има најмалку 20 луѓе. Ако останат помалку од таа бројка, не смеат да го блокираат сообраќајот и полицијата може да ги отстрани од улицата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG