Достапни линкови

logo-print

Обама му го честита на Карзаи вториот мандат


Американскиот Претседател Барак Обама му го честита на Хамид Карзаи вториот мандат како авганистанскиот претседател и го повика да се заложи повеќе во борбата против корупцијата. Карзаи стана Претседател откако вчера против кандидатот Абдула Абдула се повлече од вториот круг гласање сметајки дека нема услови за фер избори. Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс изјави дека на Обама му олесна што заврши комплицираниот изборен процес во Авганистан.
XS
SM
MD
LG