Достапни линкови

logo-print

Годинава МВР регистрирало исчезнување на 65 лица. Поголем број од нив се пронајдени, но За 20 нема трага. Лани исчезнале стотина лица, од кои 20 се пронајдени мртви, а осуммина не се воопшто пронајдени.

Родителите на 6 годишната Ангела Ѓорѓиоска од Мариовско Дуње се уште не знаат каде е нивната ќерка . Полицијата и Интерпол веќе три месеци трагаат по неа. Како изчезната се води и 35 годишната охриѓанка која последен пат била видена пред една недела. Изчезната е и 58 годишна скопјанка која излегла од дома и не се вратила повеќе. Само оваа година Министертвото за внатрешни работи
Во најголем дел од случаите, лицата се пронаоѓаат живи. Најчесто се под голем стрес, затоа што се наоѓаат во непозната средина и не знаат кому да се обратат, каде и како да ги најдат своите блиски. Во голем број од случаите станува збор за лица во поодминати години или лица кои имаат одредени психички проблеми
регистрирало 65 изчезнати луѓе. Поголемиот дел се пронајдени но за 20 луѓе нема никаква трага каде се . Минатата година изчезнале стотина од кои 20 се пронајдени мртви а 8 мина не се воопшто пронајдени. Портпаролот на МВР, Иво Котевски , вели дека најголем дел од изчезнатите луѓе се на возраст над 50 години.

,,Во најголем дел од случаите, лицата се пронаоѓаат живи. Најчесто се под голем стрес, затоа што се наоѓаат во непозната средина и не знаат кому да се обратат, каде и како да ги најдат своите блиски. Во голем број од случаите станува збор за лица во поодминати години или лица кои имаат одредени психички проблеми."

Криминологот и психолог Милка Ололовска вели дека повозразните луѓе кои се водат како изчезнати најчесто имаат слични психолошки карактеристики.

,,Тоа е, ако може да стане збор за одредена категорија на луѓе, неедуцирани, импулсивно реагираат, потпаѓаат под туѓи влијанија, немаат систем на вреднување. Тоа е психолошки профил и во основата на структурата на личноста лежат овие карактеристики."

Само минатата година изчезнале 30тина малолетници ,од кои само еден од нив се уште не е пронајден. Нарушени семејни односи , нарушено психичко здравје, потрага по сопствениот идентитет се дел од мотивите заради кои младите луѓе го напуштаат својот дом без никаква трага и порака вели криминологот Ололовска.

,,Можат да завршат како лица кои се препродаваат како дарители на органи, да се занимаваат со проституција, малолетна проституција."

Од вкупниот број на изчезнати луѓе по кои трага полицијата , во последниве години најмалку бројни се децата. Котевски вели дека во Македонија ретки се случаите кога изчезнат малолетник е пронајден починат. За малата Ангела која веќе три месеци е изчезната е распишана и меѓународна потерница.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG