Достапни линкови

Преговорите САД-Русија за нуклеарно разоружување продолжуваат


Од руското Министерство за надворешни работи изјавиле дека преговорите со САД за замена на договорот за нуклеарно разоружување ќе продолжат на 9 ноември. Преговарачите сега работат на детали бидејќи новиот договор беше договорен во јули од страна на претседателот на САД, Барак Обама и рускиот претседател Дмитриј Медведев. Од руска страна веќе оценија дека и двете страни направиле „сериозен напредок“ за договорот. Се очекува новиот договор да биде потпишан пред да истече стариот на 5 декември.


XS
SM
MD
LG