Достапни линкови

До вработување преку Интернет


Преку веб страната ,,Моја кариера", проект реализиран од страна на УСАИД, младите студенти во Македонија за прв пат имаат можност да стекнат пракса и да се вработат преку интернет.

Студентите за прв пат со помош на интернетот и преку веб страната ,,Моја кариера" имаат можност да стекнат пракса и да се вработат, но и да добијат контакти и препораки од компаниите. Проектот е организиран од страна на УСАИД и нејзината програма за практиканска работа и вработување. На сајтот веќе има регистрирано над 2700 студенти. Оваа шанса која им се нуди на студентите, преку интернет, доколку ја искористат ќе стекнат едно позитивно искуство, кое ќе им помогне во понатамошната кариера, вели Лидија Дамчевска од УСАИД.
Придобивките што ги нуди оваа национална програма пред се за студентот е во тоа што може да си го проверат интересот во одредена област пред да се обврзат на некој постојан ангажман, да видат како е да се работи во една реална работна средина


,,Придобивките што ги нуди оваа национална програма пред се за студентот е во тоа што може да си го проверат интересот во одредена област пред да се обврзат на некој постојан ангажман, да видат како е да се работи во една реална работна средина и да развиваат вештини да се примени теоријата во практични ситуации на работното место."

Логото на УСАИД
Во изминативе шест, седум месеци колку што трае програмата студентите покажаа дека се заинтерсирани на овој начин да дојдат до работа или пракса вели Димчевска.

,,До сега, додека функционира програмата во однос на нивната регистрација како студенти и барање и потврдување на огласи за работни места или практиканска работа, можеме да кажеме дека студентите знаат да го користат интернтот како нивна алатка за наоѓање на работно место или пракса."

Тие за студентите организираат обука за пишување на биографија и мотивационо писмо, како и обука за комуникациски вештини и деловна етика. Досега реализирале околу 400 пракси, а се вработиле 52 студенти. Бојан Поповски вели дека проектот му помогнал пред се да дознае дали сака да се занимава со она што го студирал, а потоа и да се вработи.

,,Многу ми помогна, мислам дека тоа ме насочи на вистински пат. Тоа што го барав, тоа го најдов, дури и се пронајдов во тоа што го работам. Мислам дека ова беше најдобар начин за да видам дали тоа што ме интересирало, вистински ме интересира или треба да
Тоа што го барав, тоа го најдов, дури и се пронајдов во тоа што го работам
пронајдам нешто друго во животот."

Партнери на програмата и се околу 150 фирми. Таа ни помогна да пронајдеме нови кадри, вели Петар Младенов од една од овие фирми.

,,Резултатите што ги имаме остварено во последно време, се токму резултат на тие кадри кои што ги земавме преку нив, значи добро се покажаа тие студенти."

На страната е во тек и првиот електронскиот саем за кариера, кој треба уште повеќе да ги упати сите заинтересирани студенти, како да пронајдат пракса или работа во некоја фирма.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG