Достапни линкови

Нема договор за професионалните војници


Претставниците на Владата и на професионалните војници ни на денешнава двочасована средба не постигнаа договор за решавање на статусот на војниците. На средбата на која присуствувале премиерот Груевски, и министрите за одбрана и за економија, на војниците повторно им бил предложен истиот концепт за активна резерва. Професионалните војници од саботата протестираат пред владата и изјавиле дека ќе останат таму се додека не се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни.
XS
SM
MD
LG