Достапни линкови

Освоен центарот на талибанците во Јужен Вазиристан


Портпаролот на пакистанските воени сили изјавил денеска дека целосно го зазеле главното упориште на Талибанците градот Канигурам, еден од најголемите градови во областа Јужен Вазиристан. Генералот Атхар Абас изјавил дека градот бил целосно исчистен од терористи. Тој изјавил дека теренот се чисти од мини, а армијата запленила многу оружје и експлозив. Пакистанските власти во октомври започнаа офанзива против упориштата на милитантите во Јужен Вазиристан
XS
SM
MD
LG