Достапни линкови

Премиерот ќе се сретне со професионалните војници


Премиерот Никола Груевски попладнево ќе прими претставници на професионалните војници, кои три дена протестираат пред Владата, барајќи да им се реши работниот статус по навршување на 38 години старост, до кога им истекува ангажманот во АРМ. Министерството за одбрана за решавање на нивниот статус предложи концепт на активна резерва, според кој војниците уште 10 години по завршувањето на ангажманот, ќе добиваат по 7 илјади денари месечно, а имаат обврска два пати месечно да идат на вежби и ќе можат да учествуваат во мисии во странство.
XS
SM
MD
LG