Достапни линкови

logo-print

ОН ќе започнат истрага за нападите во Ирак


Специјален преставник на ОН ќе се сретне денеска со официјални лица во Багдад за да разговараат за безбедносната ситуација во Ирак, по двата смртоносни бомбашки напади. Оскар Фернандез Таранцо, кој е асистент на генералниот секретар на ОН, ќе се сретне со ирачкиот премиер Нури ал Малики, и со минитрите за внатрешни работи , за надворешни работи и за одбрана . За нападите кои се случија на 19 август, Ирак ги обвини Ал Каида и приврзаниците на забранетата партија Баас.Генералниот секретар на ОН , Бан Ки Мун испрати специјален претставник на ОН во Ирак да започне формална истрага




XS
SM
MD
LG