Достапни линкови

logo-print

Професионалните војници протестираат


Трет ден од протестите на професионалните војници на АРМ

Трет ден од протестите на професионалните војници на АРМ

Професионалните војници од АРМ трет ден протестираат пред владата барајќи трајно решавање на нивниот статус. Министерството за одбрана нуди шест илјади денари надомест по достигнувањето на старосната граница, но војниците се скептични дека на 38 години би можеле да најдат друго вработување

Професионалните војници од АРМ трет ден протестираат пред владата барајќи трајно решавање на нивниот статус. Според законот, откако ќе наполнат 38 години, АРМ не им ги продолжува договорите за вработување. Војниците се жалат дека со тоа ќе се претворат
Би можело да се реши со предлогот од командата за логистичка поддршка, кој како му истекуваат 38 години, така да се префрлат во неборбени единици и да се префрлат од професионален војник во цивил, каде што би држел работно место. До 45 години да бидат евентуално војници, а после тоа со некоја отпремнина да бидат под завод до наполнување целосна пензија.
во социјални случаи зашто, како што велат, многу е тешко да се најде ново вработување на тие години.
Професионалните војници на АРМ
Професионалните војници сметаат има начин да се продолжи рокот до кој може да останат во АРМ.

„Би можело да се реши со предлогот од командата за логистичка поддршка, кој како му истекуваат 38 години, така да се префрлат во неборбени единици и да се префрлат од професионален војник во цивил, каде што би држел работно место. До 45 години да бидат евентуално војници, а после тоа со некоја отпремнина да бидат под завод до наполнување целосна пензија.“

Професионалните војници бараат македонската армија да ги примени искуствата од странските армии.

„Јас не знам зошто нашиот министер не погледне кај другите армии вклучени во мирновните мисии? Во Словенија професионалните војници имаат право на работа до пензија, во Хрватска, во Бугарија, во Албанија, каде што сите работат до 45 години.“

Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, пак, вели дека Армијата се придржува до стандардите на НАТО.

„Компаративните искуства на земјите члени на НАТО кажуваат дека максимална старосна граница е 40 години.“

Тој вели дека до 2012 година, 40 отсто од армиските единици ќе треба да бидат распоредливи во мисии во странство.

„Можете да замислите како на 50 години можете да пратите војник во Авганистан во екстремно лоши услови, затоа и од аспект на нивна безбедност е добро така да биде регулирано.“
Компаративните искуства на земјите члени на НАТО кажуваат дека максимална старосна граница е 40 години

Според претходниот закон, професионалните војници можеа да работат во АРМ до наполнување на 35 години, но подоцна рокот беше продолжен до 38. Во Министерството за одбрана велат дека тоа покажало дека продолжување на рокот не е трајно решение на статусот на професионалните војници. Заменик министерот Димитриев вели дека предлогот на министерството, овие војници да се префрлат во активна резерва нуди трајно решение на проблемот. Според тој предлог, војниците треба да примаат надомест од шест до седум илјади денари и ќе имаат обврска по два дена во месецот да одат на воени вежби.

„Од друга страна, војникот ќе ги прима тие средства, но со нашите позитивни законски прописи кои ги регулираат тие материи, може да работи на друго место, да заснова работен однос и тоа би му било дополнително.“

Димитриев вели дека војниците не го прифаќаат овој предлог затоа што се скептични дека ќе може да најдат друго вработување.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG