Достапни линкови

Лондон и Москва бараат брз одговор од Техеран


Лондон и Москва бараат од Иран треба брзо да одговори на предлогот на Меѓународната Агенција за атомска енергија за испраќање на ураниумот на обработка во странство, изјави во Москва британскиот минстер за надворешни работи Дејвид Милибанд по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров. Според предлогот, поголемиот дел од иранскиот ниско обогатен ураниум треба да се испрати на натамошно процесуирање во странство пред да се врати во реакторите во Иран. Целта е да се спречи Иран да произведе нуклеарно оружје. Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки претходно изјави дека технички комитет треба да го преиспита барањето на Обединетите нации. Инаку, Милибанд е прв британски министер за надворешни работи кој по пет години пауза ја посетува Москва со која односите се влошија по смрта од труење на Александар Литвиненко поранешен пропадник на руските безбедносни служби во 2006 во Лондон.
XS
SM
MD
LG