Достапни линкови

logo-print

Вељановски на Е - Парламент во Вашингтон


Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и потпретседателот Јани Макрадули ќе учествуваат на Светската конференција Е-парламент што ќе биде одржана во Вашингтон.
Конференцијата, на која учествуваат високи претставници на парламенти од целиот свет, ќе биде отворена од спикерот на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси. На конференцијата ќе биде претставен проектот Е-парламент на Собранието на Република Македонија.Вељаноски во Вашингтон ќе се сретне со Пелоси, а ќе има средби и со повеќе конгресмени и сенатори, како и со високи претставници на Советот за безбедност на Белата куќа и на Стејт департманот на САД.
XS
SM
MD
LG