Достапни линкови

Уште две жртви на грипот во Турција


Уште двајца болни од грипот А(Х1Н1) во Турција починаа изминатата ноќ во Турција, со што бројот на смртни случаи во земјата се зголеми на шест лица. Како што соопшти Министерството за здравство последните две жртви се 22 месечно бебе и 14-годишно момче во Коња, во централниот дел на земјата. Уште 9 болни се во тешка состојба.
Досега во Турција се дијагностицирани 1.879 случаи на заболувања од новиот грип, по првиот случај во мај.
Турција планира да купи 43 милиони дози од вакцината против вирусот А(Х1Н1) и да вакцинира околу 28 милиони луѓе.
XS
SM
MD
LG