Достапни линкови

Карзаи и дефинитивно Претседател


Карзаи и Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун 02.11.09

Карзаи и Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун 02.11.09

Хамид Карзаи практично без борба го добива вториот пет годишен мандат како Претседател на Авганистан откако Абдула Абдула, бившиот министер за надворешни работи, во емотивниот говор во неделата се повлече од вториот круг на 7 Ноември.Одлуката да нема втор круг денеска ја соопшти Независната Изборна Комисија. Претходно во Кабул допатува генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој изјави дека Светската Организација ке ја подржи одлуката на Авганистанската комисија. Во Интервју за Радио Слободна Европа Претседателот Хамид Карзаи пак изјави дека прифака каква било одлука на Независната Изборна Комисија во согласност со Уставот.

„Ги слушнав коментарите на нашиот брат Абдула Абдула. Јас ке бев срекен да учествуваше во вториот круг. Тоа ке беше од корист на сите нас. Секоја одлука на Независната Изборна Комисија која е во согласност со Уставот за мене е прифатлива“.
Секоја одлука на Независната Изборна Комисија која е во согласност со Уставот на Авганистан за мене е прифатлива.

Надер Надери кој ја предводи авганистанската фондација за слободни и фер избори сметаше дека втор круг треба да има без разлика што има само еден кандидат. Наџиб Махмуд професор по право на Универзитетот во Кабул пак изјави дека нема потреба од втор круг.


„Јас верувам дека не треба да има гласање, дури и кога Хамид Карзаи вели дека ке учествува во вториот круг. Кога едниот се повлекува – другиот кандидат автоматски го превзема лидерството“.

Американскиот државен секретар Химари Клинтон претходно реагирајки на шпекулациите дека Абдула Абдула ке се повлече изјави дека тоа не е чекор без преседан и оти тоа нема да го наруши легитимитетот на гласањето. Абдула Абдула пак се повлече поради неисполнетите барања за фер и демократски избори. Меѓу неговите барања беше и остранување на шефот на авганистанската изборна комисија.

„Во знак на протест поради погрешните потези на владата и на Независната Изборна Комисија, јас нема да учествувам во вториот круг“.

Изјави Абдула Абдула. Барањето за промена на шефот на Комисијата беше отфрлено од Претседателот Карзаи кој сметаше дека тој нема такви компетенции и дека таков чекор меѓу два изборни круга не би ја засилил демократијата во Авганистан.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG