Достапни линкови

logo-print

Нови бомбашки напади во Ирак- десетици загинати и ранети


Најмалку 10 луѓе го загубија животот во Ирак во неколку бомбачки напади. Петмина загинаа, а 37 се ранети откако бомба поставена на велосипед експлодирала во провинцијата Бабил, додека пак во западниот град Рамади автомобил бомба уби двајца луѓе, а четворица се ранети. Исто така бомба екплодирала и во автобус во Карбала, при што животот го загубила една жена, а 12 лица се повредени. Во меѓувреме специјалниот претставник на ОН Оскар Фернандез пристигна во Багдад за да направи изваштај за безбедноста на градот.
XS
SM
MD
LG