Достапни линкови

Во САД идната година нови работни места


Американскиот секретар за финансии Тимоти Гејтнер објави дека високата стапка на невработеност во Америка ќе започне да се намалува во почетокот на наредната година. Гејтнер на НБЦ телевизијата изјави дека нови работни места ќе има во првиот квартал. Во меѓувреме официјални претставници истакнаа дека планот за заздравување на економијата на претседателот Барак Обама досега успеал да спаси и да создаде повеќе од еден милион работни места.
XS
SM
MD
LG