Достапни линкови

Во поплавите во Турција загинале 3 деца


Три деца загинале денеска во поплавите предизвикани од поројните дождови што изминативе три дена зафатија повеќе делови на Турција. Едно шетсмесечно бебе се удавило кога се излизнало од рацете на татко му додека минувале преку еден мост и паднало во надојдената вода. Телото на удавенто бебе било пронајдено подоцна на еден километар од мостот.Во друг инцидент, во надојдената вода при поплавите се удавиле две сестри на возраст од 11 и 13 години.

XS
SM
MD
LG