Достапни линкови

Поранешниот претседател Клинтон доби статуа во Косово


Илјадници Албанци од Косово, се собраа денеска во главниот град Приштина, да го поздрават поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Клинтон присуствуваше на откривање на 3,5 метри високата статуа со неговиот лик, која беше поставена на булеварот кој веќе го носи неговото име. Во рацете на споменикот Клинтон, стои портфолио на кое е напишан датумот кога НАТО почнаа со бомбардирањето на Југославија, на 24 март, 1999-та година. Мнозинството граѓани на Косово го слават Клинтон како херој. Ова е негова прва посета на Косово, откако прогласи независност од Србија минатата година.
XS
SM
MD
LG