Достапни линкови

Во Италија уапсен еден од најбараните мафијашки шефови


Италијанската полиција денеска уапсила еден од најбараните италијански мафијашки шефови, еден ден по апсењето на неговиот брат,со што му зададоа тежок удар на едно од најмоќните криминални кланови во регионот околу Неапол.
Пасквале Русо, во Италија се смета за еден од најдобрите 10 мафијашки бегалци. Тој му бега на законот уште од 1993-та . Неговиот брат Салваторе Русо беше уапсен во саботата, по 14 години во бегство.

XS
SM
MD
LG