Достапни линкови

Бил Клинтон во посета на Косово


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, денеска пристигна во посета на Косово.За време на неговата посета Клинтон ќе присуствува на откривање на спомник со негов лик, кој ќе биде поставен на булеварот кој веќе го носи неговото име. Планирано е Клинтон да се сретне со претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу и со премиерот Хашим Тачи. Медиумите во Приштина посетата ја оценија како историска, а Клинтон го прогласија за најважен човек за слободата на Косово.

XS
SM
MD
LG