Достапни линкови

Милибанд во посета на Русија


Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибанд, денеска ќе отпатува во Русија, што е прва посета по 5 година на висок британски претставник на таа земја. Британско-руските односи се влошија пред неколку години, кога во Лондон беше отруен поранешниот руски разузнавач Александар Литвиненко, а имаат и други отворени нерешени прашања. Милибанд ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за состојбата на односите меѓу Лондон и Москва, a ќе разговараат и за иранската нуклеарна програма и Авганистан
XS
SM
MD
LG